Од денес започнуваме дружба со главниот „виновник“ за сите подароци и награди кои ги имате добиено од игрите на среќа :). Државна лотарија на Македонија е нашиот 9ти #БрендНаНеделата и денес на кратко ќе ви претставиме пар значајни моменти од историјата на брендот
6 години „ја предизвикува вашата среќа!“

Таа се грижи и за општественото добро!

Големата цел на Државна Лотарија на Македонија е – да создаде лотарија за народот и да придонесе да се подобри квалитетот и да се збогатат содржините на живеење на граѓаните на Република Македонија, преку генерирање на приходи за буџетот од кои ќе се финансираат општествено корисни, хуманитарни активности и приредување игри на среќа со реални шанси за добивка за македонските граѓани.
Нивната визија е да се создаде што поголем број среќни луѓе, преку креирање на директни и индиректни придобивки за сите граѓани, а за да го постигнат тоа, нудат модерни, интересни и разновидни игри на среќа од кои се издвојува одреден процент за формирање на хуманитарен фонд за општо добро.
