Оваа недела ја имаме честа да се дружиме со Државна лотарија на Македонија и да ја назначиме за наш #БрендНаНеделата. Викендов ви претставивме мала ретроспектива од историјата на брендот, како и супер интересни факти за сите добитници на кои до сега Државна лотарија на Македонија им донела среќа.
За денес зачувавме еден прекрасен момент на кој сме посебно горди. Имаме за чест да ви презентираме изјава на Државната лотарија на Македонија за нивното искуство во заедничкото работење во нашиот трговски центар. Ние уживавме во споделеното искуство и едвај чекаме на сите новини и настани кои Државна лотарија на Македонија ги има во план за спроведување во нашиот трговски центар. А вам ви посакуваме многу среќа во игрите и уживајте и вие во споделеното искуство.

“Среќното место на Државна лотарија на Македонија во Капитол мол е едно од најдинамичните во Македонија, со постојана раздвиженост и весели лица, каде често организираме промоции и славиме со добитници.
Посебно задоволство е да се споделуваат моменти на среќата со посетителите на најурбаниот трговски центар. Спојот на старата и новата година и празничните денови ги одбележавме со едномесечно уредување на надворешниот дел пред Капитол мол, во дух на празнична среќна бајка.
На наше задоволство, на задоволство на посетителите, а секако и на Капитол мол, создадовме празнична атмосфера, со чести добивки, добра музика, дружења со Марјана Станојковска и фотографии со убавите промотерки и незаобиколниот Дедо Мраз – се што ветуваше среќен почеток на новата година.
Добрата енергија е нешто што е силно присутно во Капитол мол, среќата често го избира ова место, избирајте го и вие без да одминете да проверите дали за мало учество можете да дојдете до голема добивка.”