Ние сме горди на нивниот успех и секако горди што ги имаме во нашиот трговски центар. А патот до нивниот успех не случајно е поплочен со вредности според кои тие се водат и го градат брендот.
KOTON се нашиот овонеделен #БрендНаНеделата, а по историјата на брендот ви ги претставуваме и вредности кои се длабоко инкорпорирани во културата и работата на компанијата.
- Секогаш во потрага по подобар начин на работа, го користат и умот и срцето да го најдат најдоброто решение.
- Балансот помеѓу времето, ресурсите и можностите ги прави паметна компанија.
- Со паметни решенија ги оставаруваат своите креативни идеи, затоа што начинот на остварување на идејата е исто толку важен како и самата идеја.
- Квалитетот на брендот им е најважен при работата бидејќи тој создава лојалност кај купувачите.

- Задоволството на вработените им е исклучително важно бидејќи од таму произлегува и задоволството на купувачите.
- Активно го следат животниот стил на своите купувачи и се трудат доследно да го покријат секој аспект со квалитетот на своето производство
- Почитта е главна водилка во градењето на комуникацијата во компанијата и со купувачите
- Среќата и задовоството на вработените додека се на работа е главна цел на компанијата.

- Следејќи ги постојаните промени и новости на пазарот чекорат храбро кон успехот
- Инвестициите во тренинг и усовршување на вработените им е исклучително важно
- Најдобрите практики на работа секогаш ги имплементираат и во својот систем
- Не се плашат да преземат ризик и прават иновативни чекори пред својата конкуренција
- Учат од сопственото искуство и го користат за сопствен развој
- Ја мерат продуктивноста на секој вработен поединечно и по тоа инвестираат во негово унапредување и усовршување.

- Суштината на нивниот тим е делењето на заедничките цели и визија на секој вработен без разлика на кое место од светот се наоѓа
- Напорот за успех на секој вработен поединечно го носи вкупниот успех на тимот
- Потполната посветеност на вработените кон работата и задоволството од истата е главна причина за успех на компанијата
- Сите вработени имаат заеднички сон и огромна мотивација да го остварат сонот за успех

- Брзо донесување одлуки и превземање акција и иницијатива се стожери на напредокот на брендот
- Постојано се трудат да ги убрзаат процесите за најбрза и квалитетна услуга за своите купувачи
- Брзо донесените одлуки со иста таква брзина ги имплементираат во системот, што ја носи крајната услуга за задоволни купувачи

Да се биде дел од тимот на KOTON значи да се имаат сите овие вредности во сржта на желбата за успех. Вработените во KOTON знаат како е да се биде успешен бидејќи имаат сите заедничка цел: КОТОN да стане светски препознаен бренд во модната индустрија.
Ние ве очекуваме да се подновите со нова KOTON комбинација во нашиот трговски центар!
