Забава, креација и едукација. Водени од мотото Секогаш СО и ЗА децата и учиме низ игра, играме учејќи, игротеката Кидс Парк претставува нешто што му е потребно на секој родител и секое дете, идеално катче за игра и релаксација, највесели родендени и многу едукација. Затоа по историјата на брендот, мора да ве запознаеме и со неколку многу интересни факти кои ќе ве натераат уште повеќе да ги засакате KIds Park, нашиот #БрендНаНеделата!

Професионалниот тим на педагози изработува тематско планирање за содржината на овие работилници кои се внимателно разработени врз основа на детските потреби и интереси и детското специфично доживување на реалноста која ги опкружува.
Просветно Дело ја збогатува секоја активност на вештите детски рачиња со квалитетни ликовни материјали кои се нетоксични за нашето здравје и околина, како и со единствената и најразновидна литература за деца.
Како и што треба, детската недела која заради големиот интерес за учество траеше цели 12 дена, ја завршија хумано и ги отворија вратите на забавниот центар на децата од здружението Деца од улица, кои како и сите други деца учеа за своите права и се забавуваа во кугланата и најубавата игротека во градот.
Хуманоста е доблест на ,, големите,, а се учи од најмали нозе. Како општествено одговорна компанија Кидс Парк со децата учествуваше на неколку проекти во кои безрезервно ја покажа помошта на оние кои им е потребна и успеа до децата да го доближи поимот хуманост.
Оваа фондација се грижи за исполнување на желбите на дечињата болни од тешки болести. Креативни изработки, wood craft, куклена претстава и вредните рачиња на сите дечиња учесници кои тој ден во една креативна средина ги изразуваа своите творечки потенцијали и научија што значи да се биде хуманбеа само дел од прекрасната акција која донесе насмевка на оние кои им е најпотребна.
Дечињата ќе имаат прилика да се забавуваат и да го прослават доаѓањето на летото а воедно и да научат многу интересни работи за здрава храна.
А за летото, следуваат повторно интересни забавно- едукативни збиднувања во Кидс Парк. Следете ги…
[foogallery id=”2446″]