Актуелен #БрендНаНеделата е Tom Tailor. Во претходниот пост ви ја презентиравме специјалната понуда на нивната продавница во нашиот трговски центар, а сега време е одблиску да ве запознаеме со историјата на брендот.
Брендот TOM TAILOR е меѓународно признаен моден бренд креиран за сите кои го ценат квалитетот и стилот. Од 1999 година е еден од централните брендови во средниот ценовен ранг на облека.


TOM TAILOR Историја
1962 година
Компанијата се занимаваше со увоз на најразлична трговска роба од Азија која им ја продаваше на редовните клиенти.
1971 година
Во почетокот на 70 –тите години компанијата започна со производство и продажба на сопствената модна линија со акцент на спортска машка мода.

1995 година
TOM TAILOR Fragrance ја доби првата лиценца. Модниот бренд го дополнуваат низа од модни додатоци меѓу кои има 24 различни лиценцирани производи.


2007 година
Компанијата ги лансираше линиите TOM TAILOR Denim Male и TOM TAILOR Denim Female, кои се посебно наменети за младите на возраст од 15 до 25 години.

2011 година
Студиите кои ги спроведе Der Spiegel, го наградија TOM TAILOR со највисоки оценки за препознатливост на брендот, оргиналноста на брендот и прифатеност од страна на потрошувачите.

2013 година
TOM TAILOR повторно одлично се покажа во студиите на издавачот Der Spiegel со одлични оцени за препознатливост на брендот, оргиналноста на брендот и подготвеноста за купување.

2015 година
Во Словенија беа отворени првите подружници на BONITA кои ја пополнија модната понуда за мажи и жени, кои го ценат квалитетот и сопствениот стил.
2016 година
TOM TAILOR GROUP ја отвори својата прва подружница во Италија, а истовремено за пазарите во Југоситочна Европа обликуваше нов настап на интернет, со нов веб-сајт и канали на Facebook. Исто така, се активираше и официјалната фејсбук страна на брендот за Македонија, а наскоро ќе биде и пуштена во употреба официјалната веб страна на Том Тејлор за Македонија. На новата веб страна посетителите ќе може да се информираат за понудата на брендот, да се приклучат кон клубот на новости на брендот, да ги следат модните трендови, да прочитаат различни модни совети. За сите членови на Том Тејлор клубот на новости ќе бидат изготвени и специјални попусти и понуди.

Ова е втора продавница на брендот, еден месец по отворањето на првата нивна продавница.
Продавницата со својот екстремно успешен тим создава своја историја во големото Том Тејлор семејство.
[foogallery id=”2628″]
