Во претходните два текста ве запознавме со специјалните понуди и историјата на овонеделниот #БрендНаНеделата Tom Tailor . Овој пат одлучивме да ве запознаеме со некои интересни факти и вредности поврзани со брендот.
Интересни факти:


Основачот во тој период размислувал за брендот и неговото име, а името „Том“ му изгледало премногу кратко. Земајќи го в предвид фактот дека примарна дејност на компанијата е кроење или на aнглиски – „tailoring”, тој го додал зборот „Тејлор“ веднаш по „Том“, од што произлегло и целосното име на брендот.
– Многу луѓе, заради името на брендот, мислат дека Том Тејлор вршат производство и продажба само на машка облека и модни додатоци. Но исто така, покрај машката облека, Том Тејлор нуди и многу силни и женствени колекции наменети за „понежниот“ пол.

Подоцна започнуваат со соработка со агенти за продажба низ различни места на Германија. Агентите имале повеќе контакти со купувачите и знаеле што е популарно, што им помогнало при производство токму на она што било барано од страна на потрошувачите.

Единствена разлика од почетокот до денес е тоа што денес нивните колекции се многу повеќе развиени.
Големопродажба:

Со двата врвни бренда ТОМ ТАILOR и BONITA, компанијата им е наменета на крајните групи од 0 до 60 годишна возраст. ТОМ ТАILOR со двата врвни бренда е присутен на пазарите во Германија, Австрија, Швајцарија , Бенелукс, Полска и Франција. Покрај тоа брендот ТОМ ТАILOR е добро застапен и на пазарите во Русија и Источна Европа.
Компанијата до крајот на месец декември 2014 година имаше 1.395 сопствени продавници во сегментот на малопродажбата, а покрај тоа нашите производи се продаваат и преку партнерите во големопродажбата. Кон крајот на декември 2014 година тој сегмент, во повеќе од 35 држави, вклучуваше 206 франшизни продавници, 2.686 продавници во рамките на продавниците и 8.527 продавници со разни видови на брендови.
Вредности:
– Комуницирај без ограничувања
– Сакај ја модата
– Почитувај ја работата на другите
– Крши ги правилата на пазарот
– Во промените препознај ги шансите
– Постави си нови цели
– Предвидливоста и чесноста се твои карактеристики
– Слави ги успесите
– Превземи ја одговорноста
– Препушти и се на страста во работата
