Веќе ве запознавме со нашиот #БрендНаНеделата, за неговата историја, интересни факти и вредности, како и специјалните понуди.
Брендот TOM TAILOR им е наменет на современите купувачи од динамичната, урбана средина кои сакаат да ја изразат својата индивидуалност и за кои е карактеристичен активниот начин на живот.
На таквите урбани корисници ТОМ TAILOR им нуди особено личен и самодоверлив стил. Нивниот изглед се карактеризира со спортски, опуштен, природен и модерен стил. 
Том Тејлор продавницата во рамки на трговскиот центар Капитол Мол беше отворена на 03.11.2016, како втора продавница на брендот, еден месец по отворањето на првата нивна продавница.

Оваа Том Тејлор продавница има голем број на лојални потрошувачи кои ја освежуваат својата облека со колекциите на брендот заради одличното потрошувачко искуство кое им го нудат вработените таму.
