Почитувани ве повикуваме и оваа година по втор пат во Capitol Mall, да присуствувате на незаборавниот и добро познат фестивал Баскерфест.
И оваа година како и претходната ние сме овде да измамиме насмевки на вашите лица, да ви приредиме одлична забава со одлични артисти и да шириме позитивна енергија.
Овогодинешното издание на Баскерфест во нашиот Трговски центар ќе започне со ПАРАДА на артистите што ќе настапуваат вечерва. Ви ги претставуваме артистите што вечерва ќе го отворат фестивалот и накратко одблиску да ве запознаеме со нивната работа и дело:
Muy Moi Show
Muy Moi Show, е фамилијарно шоу, во кое публиката учествува цело време, забавно, полно со акција и хумор. Muy Moi во шоуто ќе лежи на кревет од шајки, луѓето ќе кршат блокови на неговите гради, ќе биде врзан со лудачка кошула, и ќе биде завиткан со оган. Се, со помош на најдобрите волонтери.
MR. COPINI
Она што започнало како жонглерска и магионичарска кариера, се претворило во глума на многу улици и плоштади во светот. Страста на Копини е да прави луѓето да се смеат. Во своето шоу тој меша импровизација и циркуски вештини, без да заборави на хуморот, универзалниот јазик со кој се поврзува со секого, било каде на планетата.
The Brostreets
Акробатски кловн дуо од Квебек (Канада), кој знае како да го допре и воодушеви целото семејство. Големиот и Малиот, во однос на комичната традиција, кои се откриваат низ акти на дијаболо, стој на раце, рака до рака, и познатата „Пирамида на Muerte“! Одличен микс на кловн и високи циркуски вештини!
https://www.youtube.com/watch?v=_vm8KD1F3QA
Семејството и пријателите на куп и сите на летна забава во Capitol Mall.
[foogallery id=”2808″]