Доколку вчера не посетивте и се забавувавте со одличната програма што Баскерџиите ја спремија за вас, вечерва сте повторно добредојдени да видите што има денес на репертоар. А ако пак вчера немавте прилика да дојдете, не пропуштајте го шоуто вечерва затоа што има неверојатни точки и артисти кои ќе го направат петокот уште поубав.
Ви ја претставуваме програмата за вечерва:
Willy Wonder
Willy Wonder е автентичен, смешен и харизматичен уличен комичар, кој ја има воодушевено публиката низ целиот свет, која паѓа од смеење, додека тој ја споделува најмоќната дарба: смеа.
Willy Wonder ги открива тајните и техниките кој го прави уличниот-театар уникатен начин на изведување, благодарение на неговиот моќен шарм, блескава комедија и радосна контрола на својата публика. Тој има поминато 15 години патувајќи, со неговото самостојно комично шоу, жонглирајќи низ Европа, Јужна Америка и САД.
Foolosophy
Тие се мала група на нео-циркус забавувачи, улични изведувачи и креативни уметници, посветени на нивната цел: да стават насмевка на вашите лица!
https://www.youtube.com/watch?v=wT9ujj7OOTU
Vinyl Burns
Магијата, музиката, интеракцијата и смеата на физичка комедија и кловн. Спектакуларен уличен изведувач кој ги оживува улиците. Возбудлива, семејна, весела забава, која создава возбудлива атмосфера на споната виталност.
