Отварањето на Баскерфест минатата недела започна со парада на уличните артисти и веруваме дека одлично се забавувавте на истата. Сите оние што и денес ќе присуствуваат на Баскерфест шоуто ќе имаат прилика да уживаат во уште една парада на изведувачите задолжени за вечерашната забава.
Дојдете и заразете се со позитивната енергија која го преплави цел трговски центар.
За забавата вечерва се задолжени следниве артисти:
Performer Monk
Изведувачот Монк е роден во Јапонија, и неговиот роден град е Јокохама. Кога наполнил 18 години, тој се преселил во Мексико за да тренира бокс. Еден ден, во 2002, кога работел во една градина за јаболка во Нов Зеланд, почнал да вежба жонглирање со паднатите јаболка на земја. Тоа било почетокот на неговата кариера како жонглер.
UniProShow
Жонглер со оган и комичар, кој кога вози високо на своето седло, качен на врвот на неговиот 12- метарски точак на едно тркало, ги добива најголемите водишки. Џејми вози точак на едно тркало 24 години, и е моментално светски шампион во возење точак на едно тркало. Во чин исполнет со забава и смели подвизи од почеток до крај, има акција и неизвесност, а дури може и да завршите како дел од настапот додека тој скока на јажиња, вози со рацете на педалите и прескокнува волонтер – се на својот точак на едно тркало. За среќа, сега вие сте на ред.
Mr. Copini
Она што започнало како жонглерска и магионичарска кариера, се претворило во глума на многу улици и плоштади во светот. Страста на Копини е да ги прави луѓето да се смеат. Во своето шоу тој меша импровизација и циркуски вештини, без да заборави на хуморот, универзалниот јазик со кој се поврзува со секого, било каде на планетата.
