Забавата продолжува со исто темпо, со многу забава, музика и игри. Бидете волонтери на артистите што вечерва ќе настапат на шоуто и помогнете им во нивните точки и перформанси.
Присуствувајте и на вечерашното издание на Баскерфест во нашиот Трговски центар и забавувајте се со уникатните и храбри артисти дојдени за вас.
Willy Wonder
Willy Wonder е автентичен, смешен и харизматичен уличен комичар, кој ја има воодушевено публиката низ целиот свет, која паѓа од смеење, додека тој ја споделува најмоќната дарба: смеа. Willy Wonder ги открива тајните и техниките кој го прави уличниот-театар уникатен начин на изведување, благодарение на неговиот моќен шарм, блескава комедија и радосна контрола на својата публика. Тој има поминато 15 години патувајќи, со неговото самостојно комично шоу, жонглирајќи низ Европа, Јужна Америка и САД.
Diogo
Diogo Alvares е бразилски мастер манипулатор, кој ја нарекува Европа свој дом. Неговата изведба е тивка, со музичка позадина. Тој ја придобива публиката едноставно со неговата вештина да манипулира со карти, топки за билијард, цигари, и многу други штосни предмети. Живеејќи во Европа, тој имал можност да работи во кабареа, циркус и приватни настапи … се додека не ја нашол среќата работејќи на фестивалите за улични изведувачи.
Vinyl Burns
Магијата, музиката, интеракцијата и смеата на физичка комедија и кловн. Спектакуларен уличен изведувач кој ги оживува улиците. Возбудлива, семејна, весела забава, која создава возбудлива атмосфера на споната виталност.
Muy Moi Show
Muy Moi Show, е фамилијарно шоу, во кое публиката учествува цело време, забавно, полно со акција и хумор. Muy Moi во шоуто ќе лежи на кревет од шајки, луѓето ќе кршат блокови на неговите гради, ќе биде врзан со лудачка кошула, и ќе биде завиткан со оган. Се, со помош на најдобрите волонтери.
Foolosophy
Тие се мала група на нео-циркус забавувачи, улични изведувачи и креативни уметници, посветени на нивната цел: да стават насмевка на вашите лица!
https://www.youtube.com/watch?v=Oo3A-0xenNc
