Најкреативниот летен дневен престој во магичниот свет на Кидс Парк е дизајниран да го обезбеди најдоброто од едукација и забава за децата за време на летниот распуст, да претставува безбедна и креативна средина во која децата ќе доаѓаат со задоволство и ќе имаат можност да ги изразуваат своите творечки потенцијали. Високо квалификуван кадар на педагози и психолози ќе реализираат програма која ќе биде современа, ефикасна, квалитетна и прилагодена на потребите и интересите на децата.

Мисија на „ Летните креативно-едукативни работилници Кидс Парк “
Со почитување и развивање на индивидуалните способности и со примена на современи методи заеднички да креираме квалитетно поминато време за летниот распуст и да создаваме личности кои цел живот ќе учат и ќе напредуваат според своите афинитети и можности.
Работно време за „ Летните креативно-едукативни работилници Кидс
Летни креативно-едукативни работилници за деца на предучилишна и училишна возраст од 10:00 – 16:00 часот, понеделник – петок.
Обезбеден оброк и ужина во „ Летните креативно-едукативни работилници Кидс Парк“
За време на летните креативно-едукативни работилници децата ќе бидат обезбедени со еден оброк и ужина.
13 часот оброк (тост, хот дог, пица, мекица, ладни сендвичи)
15 часот ужина ( сезонско овошје, свежо цедени сокови, смути, вафла, пудинг, сладолед)
Програма за работа за „ Летните креативно-едукативни работилници Кидс
Со програмата за работа се утврдуваат основната дејност и функцијата на едукативниот центар за работа со деца од предучилишна и училишна возраст.
Главна определба на оваа програма е професионалниот пристап во организација на креативно-едукативни работилници кои вклучуваат најразлични воспитно-образовни, спортско-рекреативни, културно-забавни и др. активности.
Сето тоа ќе овозможи поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето, негување на индивидуалните интереси и способности, развој на самостојноста, правилно користење на слободното време итн.
Услови за посетување на „ Летните креативно-едукативни работилници
Летните креативно-едукативни работилници може да ги посетуваат сите деца на предучилишна и училишна возраст со дневна уплата од 450 денари.
За неделна уплата, пет последователни дена( понеделник-петок) следи 10% попуст на сумата за дневна уплата.
Информации и пријавување на 071 305 976 .
[foogallery id=”2761″]
