Како се забавувавте претходните викенди со веселите баскерџии? Ние ви најавуваме уште три дена исполнети со забава и смеење.
Запознајте ги артистите кои освен артистите Duo Look се задолжени за вечерашните точки.
Mr. Bugiganga
Mr. Bugiganga е уличен уметнички изведувач, презентиран од страна на ликот наречен „латино љубовник“, кој ја заведува публиката со хумор и евтини трикови. Користејќи ги техниките на илузија, кловн, современа мимика, жонглирање, физичка комедија и други бесмислени комичности, овој лик ја манипулира реалноста кога игра со неговите алатки и магични апарати.
Mr. Copini
Она што започнало како жонглерска и магионичарска кариера, се претворило во глума на многу улици и плоштади во светот. Страста на Копини е да ги прави луѓето да се смеат. Во своето шоу тој меша импровизација и циркуски вештини, без да заборави на хуморот, универзалниот јазик со кој се поврзува со секого, било каде на планетата.
