Том Тејлор ве освежува во најтоплите летни денови со колекција инспирирана од ориентот
Ориенталните вибрации од Маракеш се главниот мотив на Том Тејлор за летната колекција 2016, во која се задржува тенденцијата на негување на етно/бохо стилот.
Колекцијата изобилува со етно дизајни и форми, како и чипка, плетени детали и големи марами со реси. Покрај ориенталните често се користат и нежни “пејсли“ принтови и дезени кои заедно со цветната мешавина внесуваат елемент на бохемија.
Модните парчиња наменети за најтоплите денови се центрирани околу сите нијанси на сината боја, лесните материјали со текстури, светло обоените, повторливи форми и облици на фустаните, здолништата и блузите кои допринесуваат за одличен летен изглед.
Каде и да ве води ова лето, ТОМ ТЕЈЛОР ќе се погрижи секогаш да сте соодветно облечени.
Каде и да одите, Том Тејлор патува со вас! – #Everywearyougо, we go!
Модниот бренд Том Тејлор од 1999 година е еден од водечките брендови во категоријата на облека со регуларни цени. Колекциите на овој бренд се наменети за млади, модерни жени и мажи од 25 до 40 години.
Брендот Том Тејлор е наменет за модерните потрошувачи во динамична, урбана средина со активен животен стил кои сакаат да ја изразат својата индивидуалност. За таквите урбани клиенти Том Тејлор нуди посебна оригиналност и самоувереност, преку изглед кој го претставува спортскиот, лежерен, природен и модерен стил. Брендот Том Тејлор е тренди и елегантна модна марка, изработена од внимателно избрани, квалитетни материјали. Том Тејлор на своите потрошувачи годишно им нуди 12 различни колекции.
[foogallery id=”2978″]
