Заедно со Вас во сите убави мигови, па и за денот на петките!
Голема забава по повод денот на оцените за сите дечиња и родители.
Сабота 2јули 12:00-14:00 часот.
Вкусови во кои ужива секое дете!
Богата програма од забавен и едукативен карактер.
Едукативниот дел Кидс Парк го довери на своите соработници Бреинобреин, интернационална програма за деца од 4-14 години, која со посебни методи и техники овозможува да се подобри и да се реализира целосниот детски мозочен капацитет со цел секое дете во целост да ја разбуди својата генијалност.
Од самото постоење соработник на Кидс Парк во едукативната мисија е Просветно Дело кое и овој пат ќе биде присутно на креативно-едукативната работилница со високо квалитетни ликовни материјали нетоксични за нашето здравје и нашата околина.
Забавниот дел го доверивме на најдобрите за детска анимација Кловн Лили, предвидени се најразлични забавно-игровни активности, маскоти, facepainting, моделаторни балони, караоке, музичка пантомима и многу уживање во единствената игротека богата со содржини за детска анимација и непречена детска игра.
За сите деца посетители за време на забавата обезбедени се многу вкусни изненадувања од соработниците Фриком и Колид Фудс.
Вистинско задоволство, сладолед, смоки, пица италиана и вкусни кроасани за секое дете посетител на забавата, многу игра, забава и наградни изненадувања.
Убав настан за убав повод!
Дотерани со насмевка на лице и петките во раце Ве чекаме во Кидс Парк во сабота на одлична забава!
Влез за двочасовната забава со целокупната предвидена програма и вкусните изненадувања за секое дете само 100 денари!