Почитувани, Ве известуваме дека од денес во нашиот Трговски Центар започнува нова акција наречена #ОмиленаЛетнаКомбинација.
Од денес вие ќе ја имате можноста и контролата да одлучувате кои модни комбинации од брендовите во Capitol Mall ќе бидат на попуст.
На нашиот Facebook профил ќе ви бидат претставени две или три комбинации од еден бренд. Онаа комбинација која ќе собере најмногу гласови ќе биде намалена со ЕКСТРА ПОПУСТ.
Првите две комбинации се од Еликсир и чекаат да ја одберете омилената. Првата комбинација се состои од Камена пудра и молив за очи од брендот Max Factor, додека втората комбинација вклучува подлога за течна пудра, течна пудра и римел од брендот Max Factor.

Победничката комбинација ќе добие -30% ПОПУСТ од редовната цена.
