Нов месец, нови авантури и нови места да го исполните вашиот летен распоред. Знаеме дека многу од вас уживаат во летните горештини на некоја прекрасна плажа, но исто така и дека многу од вас останаа во Скопје да го поминат овој месец. Ние решивме овој месец да се дружиме и забавуваме токму со оние кои се во Скопје и да им подготвиме нови активности!
Што ви подготвиме?
Денес ја започнуваме кампањата #МоетоОмиленоМесто, во која вие ги споделувате вашите омилени моменти во нашиот трговски центар.
За кого е наменета кампањата?
За сите оние кои Скопје е нивната матична локација месецов и имаат свој Инстаграм профил, подготвивме активности кои ќе ви донесат многу подароци.
Како да учествувате?
Сè што треба да направите е да ги фотографирате своите омилени места во трговскиот центар и истите да ги објавите на вашиот Инстаграм профил со хаштаг #МоетоОмиленоМесто. Дали тоа би било омилениот ручек, омиленото кафуле, омилено место за пазарување, шопинг на омилените козметички производи или парфеми, места каде најчесто се дружите со пријателите (куглање, билјард), омилениот свеж џус или вафла, или пак огледалата над ескалаторите каде се прават најоригинални селфија, ние би сакале да го видиме нашиот трговски центар преку вашите фотографии 🙂
Кој ќе си добие подарок?
Нашите пријатели, брендовите во трговскиот центар ви подготвија многу подароци. Секој понеделник во текот на месец август одбираме најмалку 5 најкреативни фотографии споделени на Инстаграм со хаштагот #МоетоОмиленоМесто во текот на изминатата седмица, а фотографите ќе си добијат многу подароци и попусти од продавниците во нашиот трговски центар.
Објава на добитници:
Од прва седмица: 8.8.
Од втора седмица: 15.8.
Од трета седмица: 22.8.
Од четврта седмица: 29.8.
За подароците се погрижија:
[foogallery id=”3476″]Листата на брендови кои ќе ви доделуваат подароци ќе ја надополнуваме редовно.
Вие започнете уште од денес да се фотографирате со вашиот мобилен телефон на омиленото место во нашиот трговски центар и да ги објавите фотографиите на Инстаграм со хаштаг #МоетоОмиленоМесто.