Сигурни сме дека се облизнавте веднаш штом го прочитавте насловот. А уште повеќе ќе се облизнувате кога ќе дознаете што ви подготви Divan Juice Bar доколку се вклучите во нашата игра #МоетоОмиленоМесто!
Како ви звучи една убава вечер да си ја поминете со вашата омилена другарка или другар, партнер/ка, или можеби ќе сакате да ги почастите вашите деца или родители? И тоа со највкусната вафла во градот придружена со мерачко кафе?
Не треба да зборуваме понатаму нели? Divan Juice Bar решија да наградат двајца инстаграмџии со пакет од вафла и кафе за двајца.
Чекорите сигурни сме дека веќе добро ги знаете, но повторувањето е мајка на знаењето:
- Посетете го нашиот трговски центар
- Фотографирајте го вашето омилено катче кај нас
- Прикачете ја фотографијата на вашиот Инстаграм со хаштаг #МоетоОмиленоМесто
Нашите пријатели од Divan Juice Bar се нетрпеливи да дознаат кои се добитниците 🙂 Затоа побрзајте и фоткајте кај нас.

