Го имате она чувство дека за време на неделниот шопинг, на Вашето дете му е здодевно? Ние Ви го даваме совршеното решение каде секој го добива она што го сака и сите се среќни и задоволни.
Од 26-28 Август, ние припремивме изненадувања за сите големи и мали. За мама и тато тука се неверојатните ПОПУСТИ и одличната музика за која се погрижени Latins и Acoustic Trio, а програмата за малечките ви ја откриваме сега.
27ми и 28ми Август освен како денови на СЕЗОНСКА РАСПРОДАЖБА во нашиот Трговски центар, се резервирани и за нашите намили посетители.
За незаборавен викенд, на најмалите им спремивме многу забава со неверојатна музика, шаренило од бои и еден тон изненадувања. Додека Вие уживате во деновите за шопинг по неверојатно намалени цени, Вашето дете ќе се дружи, учи и игра преку интересни интерактивни игри.
Затоа не пропуштајте и дојдете на голема забава за целото семејтво!

