Во нашиот претходен пост на оваа тема, Ви го претставивме новиот тренд за умствена терапија која го обиколи и на прв поглед го освои целиот свет.
Доколку нè послушавте и купивте една, ние ќе се потрудиме накратко да Ви објасниме како правилно да ги обоите дизајните за да добиете повпечатлив резултат.
Чекор по чекор ќе Ви објасниме како да го добиете посакуваниот ефект:
1. Изберете кои бои сакате да ги користите и одберете ги во различни нијанси
2. Почнете од центарот на дизајнот кој го одбравте за боење
3. Испланирајте кои бои ќе ги користите на кое место
4. Обојте ги различните облици со соодветните бои кои ги наменивте конкретно за нив, како би добиле груба слика како треба да се движите
5. Продолжете со истото темпо додека не ја завршите сликата
Совет: Поголем ефект на шаренило се добива кога боите што стојат една до друга се контрасни бои. Како на пример жолта и виолетова, црвена и зелена, портокалова и сина и сл.
Се надеваме дека ви помогнавме, а за да видете како сето тоа изгледа визуелно погледнете го видеото во продолжение.
