Почитувани наши фанови, претходната недела Ви најавивме дека за месецов спремаме нешто многу возбудливо, интересно и откачено. Па спремете се за нешто што ќе ви го крене расположението до максимум, ќе ве опушти и релаксира до точка да не сакате да си одите дома и ќе ја истакне вашата креативност до толку да и самите се изненадите од сопствените способности 🙂
Месецов во Capitol Mall ви спремивме нешто што е актуелен број 1 во светот во поглед на современи методи за релаксација и умствена масажа. Веќе ве запознавме со трендот – бооенки за возрасни, што претставуваат тие, за што се користат и како се бојат па доколку сте вежбале по дома време е да го покажете талентот.
Почнувајќи од овој, секој викенд во нашиот Трговски центар ќе се одржува групно боење на дизајни кои можете да ги најдете на штанд во холот на Capitol Mall.
Одлична можност за семејна забава каде сите ќе земат учество во самото боење. Сите обоени дизајни со име и презиме на оние кои го сработиле, ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ во Трговскиот центар како уметнички дела од нашите посетители за нашите посетители.
И не само тоа, туку сите што ќе учествуваат ќе имаат можност да освојат КУЛ НАГРАДИ!
На нашиот Facebook профил ќе бидат објавувани сработените дизајни и ќе имате можност да гласате за оние за кои Вие сметате дека треба да добијат подарок од нашите брендови.
Па дојдете викендов да внесеме шаренило во нашите секојдневија и да го обоиме светот во боите на љубовта, мирот и радоста.

