Првиот викенд од кампањата “Обои го твоето секојдневие” што ви ја најавивме вчера е резервиран за СЕМЕЈНА РАБОТИЛНИЦА.
Ќе имате можност да поминете квалитетно и креативно време со Вашите малечки ии притоа заедно да создадете уметничко дело кое ќе го носи Вашиот потпис и ќе се натпреварува за една од одличните награди.
Оваа сабота (17.09) од 12:00 часот во нашиот Трговски Центар ќе се одржи работилница за заедничко боење на боенки за возрасни и деца помеѓу родител и дете. Во холот можете да најдете испечатени дизајни на кои се наоѓаат 2 илустрации, една (покомплицирана) за родителот и една (поедноставна) за Вашето малечко.
На самиот лист ќе имате простор каде треба да оставите Ваши податоци одосно имињата на родителот и на детето и Вашето презиме.
Сите дела ќе бидат изложени низ Трговскиот центар каде сите посетители ќе може да им се восхитуваат. Освен во нашиот Трговски центар, сите обоени дизајни ќе бидат објавени на нашиот Facebook профил каде цела недела ќе можете да гласате за оној што најмногу Ви се допаѓа.
Оние дизајни што ќе добијат најмногу гласови ќе бидат НАГРАДЕНИ СО ПОДАРОЦИ ОД НАШИТЕ БРЕНДОВИ.
Па, овој викенд Ве очекуваме да дојдете и да го претвориме нашето секојдневие пошарено и попозитивно.

