Веќе ви ги најавивме активностите кои следуваат месецов во нашиот Трговски центар. Конкретно за овој викенд наменивме заедничка работилница за родителите со нивните деца. Ќе боиме заедно, ќе се забавуваме и за момент ќе го направиме светот едно шарено и позитивно место за живеење.
Доколку се уште немате никакви планови за утрешниот ден еве ви неколку причини зошто треба да не посетите:
1. Поминете квалитетно заедничко време со Вашите деца – ако сакате децата да ги почитуваат семејните вредности, овозможете им повеќе заеднички семејни активности за да можат да го прават тоа. На тој начин ќе добиете заеднички моменти и здрава емоционална психа.
2. Изразување на креативноста на детето и развивање на моторичките вештини – Децата при боење почнуваат да распознаваат бои, да се изразуваат, да развиваат моторни вештини и секако да ја пренесат својата креативност преку омилените бои што ги распознаваат во својата околина.
3. Релаксација на умот кај возрасните – Освен децата и возрасните почнаа да бојат како метода за ослободување на секојдневниот стрес. Едноставно исклучувањето од светот понекогаш е добредојдено.
4. Резултат на заедничкиот труд – Дозволете им ја радоста на децата да го видат резултатот од она што сте го равеле заедно. Задоволството ќе поттикне мотивација и за други нешта каде можеби и вие нема да им бидете потребни.
5. Натпреварувачки дух – Запознајте го Вашето дете на фер плеј игра и научете го дека главната придобивка од секој натпревар е попатната забава. Да се труди максимално за награда така што ќе даде се од себе со целосна концентрација но и дека ако некогаш мора да се изгуби.
Се надеваме ве убедивме, одберете ги претставниците од Вашето семејство и дојдете на супер забава овој викенд од 12 часот во Capitol Mall.

