Бевте ли Вие и Вашето дете учесници во нашата најнова кампања “Обои го твоето секојдневие“ што започна изминатиов викенд? Доколку нè посетивте, боевте и го изложивте Вашето дело на означените места за изложба, тогаш Вие автоматски сте вклучени во наградната игра што започнува од денес.
На нашата FB страница се објавени сите обоени илустрации направени од нашите посетители за време на првиот викенд од од кампањата. Пронајдете го Вашиот и/или на Вашето дете и охрабрете ги сите што ги знаете да гласаат за истите затоа што имате можност да освоите кул награда за целото семејство.
За оваа недела ќе издвоиме 3 илустрации кои ќе ги прогласиме за победници. Фотографијата што ќе собере најмногу лајкови ќе добие награда ПАРТИЈА КУГЛАЊЕ во 4Bowling ЗА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО! Фотографијата што ќе биде на второ место ќе добие 2 БЕСПЛАТНИ ЧАСА во Kids Park и за наградата за третопласираниот е ОСВЕЖУВАЊЕ ЗА СЕЛОТО СЕМЕЈСТВО во Juice Bar Divan.
Ви нагласуваме дека од испечатените илустрации кои се достапни на платото во нашиот Трговски центар и во игротеката Kids Park можете да земете за дома, да ги обоите и да ги вратите за изложба во Capitol Mall. Секако за да влезете во наградната игра потребно е да го сликате обоениот дизајн и да ни го пратите на нашиот FB профил.
ГЛАСАЈТЕ И ОСВОЈТЕ НАГРАДА ЗА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО!
