Драги наши посетители, големи и мали, ученици и студенти, родители и деца, Ве известуваме дека и овој викенд Ви спремивме супер забава со групно боење на боенки за возрасни и деца.
Се што треба да направите е да не посетите, да земете дизајн за боење и со помош на боичките од брендовите Primo и Cariocа обезбедени од Просветно дело кои се пријатели на настаните под мотото “Обои го твоето секојдневие“ , да се препуштите на фантазијата. Нашите хостеси ќе Ви ги објаснат сите детали и ќе Ви помогнат околу изложувањето на истите.
За да влезете во игра за награда, потребно е да го сликате Вашиот дизајн и со Ваше Име и Презиме да ни го испратите на нашиот FB профил (на ѕид или во инбокс). Ние ќе ги објавиме сите дизајни и сите ќе имате можност да гласате за оној кој мислите дека треба да победи.
Првите три фотографии што ќе добијат најмногу лајкови ќе добијат супер торбица од брендот Primo обезбедена од Просветно дело.

Дојдете да се забавуваме со одлична музика, многу бои и еден тон дружење.
