Како што поминуваат викендите се зголемува бројот на сите оние што сакаат барем еден дел од викендот да го поминат во многу бои, релаксирана атмосфера и дружење со семејството. И овој викенд не изостануваме со настанот што овој месец ги освои срцата и на големите и на најмалите и ги обедини сите љубители на боењето.
Од 01.10-02.10 во нашиот Трговски центар повторно ќе боиме и ќе се забавуваме со боенките за возрасни и деца.
Дојдете, обојте го Вашиот дизајн и играјте за една од супер наградите обезбедени од нашите брендови. Оваа недела на оние чии дизајни ќе добијат најмногу гласови доделуваме : Партија билијард во 4Bowling, семејна пица во Pizza Hot и Вафла и кафе во Divan Juice Bar.
Бидете дел од “Обои го твоето секојдневие” и дозволете да Ви го разубавиме викендот. Вам и на Вашите најсакани.
