Веројатно се прашувавте што се ќе се случува месецов во нашиот Трговски центар. Ви го најавуваме Детскиот месец во Capitol Mall.
Од 15ти Октомври до 5ти Ноември Capitol Mall ќе биде епицентарот на спортските случувања, детските насмевки и неизбежната забава.
Започнуваме со ДЕТСКА ОЛИМПИЈАДА и секој викенд турнири во МИНИ ФУДБАЛ, МИНИ ХОКЕЈ, МИНИ КОШАРКА, МИНИ ОДБОЈКА, МИНИ ТЕНИС И КУГЛАЊЕ.
За сите мали спортисти од 3-11 години секоја Сабота од 17-19 часот и секоја Недела од 12-14 часот ова е местото каде треба да бидат.
Пријавувањето е на лице место.
Ве очекува многу забава, дружење, натпреварувачки дух, и секако награди. Во наш стил ќе се потрудиме да го привлечеме Вашето внимание и да ги оправдаме Вашите очекувања.

