Почитувни,
Ве покануваме оваа сабота со почеток од 17 часот во нашиот Трговски Центар, свечено да ја отвориме “Детската недела на спортот“ со Детска Олимпијада.
Поминете забавно саботно попладне и овозможете им на Вашите деца да бидат дел од ова спектакуларно случување.
Ќе има многу дружење, забава, натпреварување и секако наградување.
Овој месец во Capitol Mall ќе се одржуваат низа настани и спортски активности како дел од “Capitol Kids Arena“ преку кои ќе се активира спортскиот и натпреварувачки дух на децата.
Секоја сабота и недела од 15ти Октомври до 5ти Ноември ќе се организираат мини турнири во кошарка, фудбал, тенис, одбојка, куглање и хокеј во соработка со Здружението за спорт, рекреација и анимација “Штурчиња“.
Пријавувањето е на лице место.

