Првата недела (16.10) од „Детскиот месец на спортот во Capitol Mall„ е резервирана за ТУРНИРИ ВО МИНИ ФУДБАЛ И МИНИ ХОКЕЈ.
Истите започнуваат од 12 часот и пријавувањето е на лице место, каде сите учесници ќе добијат свој број со кој ќе се натпреваруваат, а на крајот ќе им се додели и сертификат за учество во игрите.
Дечињата преку едноставни вежби ќе ги научат основите во фудбал и хокеј, меѓу кои најважни се: водење, додавање и шутирање на топка. Во вториот дел од активностите ќе биде вклучен натпревар во истите спортови.
Ги покануваме сите родители со своите малечки да ни се придружат на ова дружење каде ние заедно со тимот на Здружението за спорт, рекреација и забава “Штурчиња“ ќе го градиме спортскиот дух и образование меѓу најмладите генерации.
“Capitol Kids Arena„ е спремна зa откривање на најмладите спортски таленти.

