Оваа сабота (22.10.) од 17 часот во нашиот Трговски центар, како дел од низата активности на Capitol Kids Arena ќе се одржат турнири во мини кошарка и мини одбојка.
Ве очекуваме сите вас што сакате да учествувате да се пријавите на лице место и да си добиете своја налепница со бројче. Заедно со Здружението за спорт, рекреација и анимација „Штурчиња„ ќе учиме како се изведуваат удари, фрлања, додавања и основни правила кои се потребни за правилна игра на овој спорт, ќе можеме одблизу да ги запознаеме дечињата со овие спортови.
По едукацијата следуваат турнири каде ќе се поделат супер НАГРАДИ на најдобрите.
Не пропуштајте го ова дружење и шансата заедно да се обидеме да го подигнеме спортското образование на едно повисоко ниво.

