Веќе три недели се дружиме, се забавуваме и го полниме Трговскиот центар со позитивна енергија и многу детски насмевки, па за овој викенд испланиравме уште еден супер настан.
Во недела (30.10) како дел од Capitol Kids Arena ќе се натпреваруваме во куглање во 4Bowling. Овој спорт е одлична терапија и секогаш добра идеја за тоа како да поминете квалитетно време со пријателите и како да ја испланирате совршената семејна активност.
Како дел од Детскиот месец на спортот во Capitol Mall, заедно со тренерите и дечињата од Здружението за спорт, рекреација и анимација “Штурчиња“, ќе учиме за правилата во куглањето, како побрзо да ги совладаме чекорите и замавнувањето со куглата и се што е интересно и корисно да се знае за овој спорт.
Сите пријавени дечиња кои ќе учествуваат во турнирот и истиот ќе го завршат, ќе добијат БЛАГОДАРНИЦА за учество во Capitol Kids Arena.
За најдобрите учесници следуваат награди обезбедени од БиоКулт.
Не пропуштајте го овој викенд и овозможете им на Вашите деца супер поминати два часа во спорт и дружење.

