Веќе ви го најавивме принципот на игра на авантурата што следи оваа сабота во Capitol Mall. Ќе го завршиме Детскиот месец на спортот со една супер забавна интерактивна игра и натпревар помеѓу тимови направени од Родители со своите деца.
Бидете вистински истражувачи на скриено богатство и овозможете му на Вашето дете искуство кое сме сигурни дека ќе го памети со голема радост. Имено, со самото пријавување добивате МАПА НА СКРИЕНО БОГАТСТВО, каде ви се дадени 5 предизвици кои треба да ги исполните во најкраток временски период, како би добиле една од одличните награди кои нашите брендови ги обезбедија за вас.
А кои се наградите се прашувате, токму тоа и ќе ви го откриеме сега!
Sport Vision подаруваат 2 ранци од брендот Nike, Flair подаруваат 5 вредносни ваучери од 1000 ден., Кoton обезбедуваат 5 парчиња детска облека, 4Bowling наградуваат со 5 ваучери за партија билјард од 30мин., Pizza Hot подаруваат 2 фамилијарни пици по избор за целото семејство, Juice Bar Divan ќе освежат двајца (x2) со цеден сок или кафе по избор, Biokult наградуваат два тима со пакет производи за родител и дете и Betty Maкедонија обезбедија 3 пакети со производи за најбрзите тимови.
Овие супер награди би можеле да бидат Ваши и да го израдувате Вашето дете со една од нив. Затоа, ве очекуваме оваа сабота да бидете меѓу првите кои ќе се пријават за учество затоа што следуваат многу изненадувања.
