Култниот Моември повторно во Македонија: Брк по брк за подобро здравје
Го заокружуваме целиот овој месец посветен на мажите со една супер забава во духот на Мовембер. Цел месец се сликавме и правевме кул фотки со #НајБрк во фотокабината на 3 кат и ги освежувавме тајмлајните на фејсбук на сите наши пријатели и фанови 🙂
Но дојде и последниот ден од ова наше брклесто дружење и сакаме заедно да го прославиме со журка која ќе се одржува вечерва во кугланата 4Bowling каде заедно со Eликсир Парфимерија ви спремија одлични изненадувања.
Затоа сите вие, кои учествувавте или не во овој наш мал предизвик, ве очекуваме од 21 часот да ни се придружите и заедно да шизиме на одлична музика. А целата оваа идеја не би одела во вистинска насока доколку не е од добротворен карактер. Затоа секоја партија куглање или билјард ќе бидат по симболични 100 ден. и сите средства собрани ќе бидат донирани во здржението Мовембер Македонија кои се грижат за подигаше на свеста за машкото здраавје. Вечерва ќе си поминеме супер, а утре ќе си делиме награди 🙂
Ве очекуваме…
