Прославувајќи 3 години присуство на македонскиот пазар, нашиот трговски центар Капитол Мол ќе го одбележи својот 3 ти роденден со тридневна програма за своите потрошувачи. Започнувајќи од 10.12.2016, сабота, до 12.12.2016, понеделник, ќе биде организирана 3 дневна забава, насловена како „3 level party“, исполнета со бројни изненадувања и уживања.
На 3 ката ќе се организираат низа активности меѓу кои и настапи на Brass Brothers и Sarah Macе, ДЈ Панчо и Димитар Андоновски. Покрај одличниот репертоар на македонска музика во Capitol Mall, ќе настапат и Dј Кире, Dј Мац и DJ Синиша, а како дополнување на музичката синергија, се и многубројните изненадувања кои ќе бидат дел од одбележувањето на роденденот заедно со посетителите.
Роденденската прослава содржи 3 дена роденденски попусти во продавниците. А за најмалите подготвивме богата програма, во склоп на која во сабота ќе пееме и танцуваме и ќе бидеме креативни на работилница како старт на роденденскиот предизвик на молот, за изработка на роденденски честитки за Капитол мол.
Најубавите ќе бидат наградени на 12.12. (понеделник), кој ќе биде ден за наградување и дарување. Во недела и понеделник ќе се одржат и детски натпревари во куглање, спортски активности, дружење со Академијата „Вардар“, ќе има школа за англиски јазик и музичка едукација, работилници, аниматори и жонглери.
3 години Капитол Мол придонесува за безброј насмевки, среќни посетители и единствено шопинг искуство за сите генерации. Без сомнение во иднина ќе продолжиме со уште посилна динамика, во која Капитол мол ќе остане мол за сите генерации, кој ќе нуди уште повеќе активности, промоции, прослави и настани, најмногу од културно-забавен карактер.
Погледнете ја целата агенда и бидете дел од овие супер настани и активности што ги спремивме за вас.
#Славиме3

