Оваа сабота официјално го започнуваме роденденското лудило во нашиот Трговски центар. Три години постоење, три години дружење, три години забава, три години радост, три години Capitol Mall.
Во сабота (10.12) во 12 часот започнуваме со изготвување роденденски честитки заедно со Office Plus, за да продолжиме со читање на роденденски приказни со Просветно дело од 15 часот. За најмалите спремивме и face-painting кој е закажан од 17-18 часот. Сетоа ова ќе се случува на вториот кат.
На првиот кат се закажани повеќе настани и активности и тоа: Од 15:00 – 16:00 часот со свој сет ќе настапи DJ Кире, a во наредниот час ќе уживаме во музичкиот перформанс на Orange Kids Club.
Со почеток од 18 часот ви најавуваме музички спектакл со Сара Мејс и Brass Brothers, се до 20 часот од каде затворањето на саботната треска го превзема DJ Синиша кој ќе ве развеселува се до 21.30 часот.
За сето ова време ќе имате шанса да направите и одличен шопинг со специјалните купони од Grouper. Обезбедете ги навреме и остварете одлична зделка.

