Од 17 до 18 Декември во нашиот Трговски центар ќе се одржи базар на новогодишни изработки и украси со хуманитарен карактер организиран од Лајонс Клуб Свети Пантелејмон. Цел викенд ќе ја шириме празничната магија заедно со сите посетители и ќе се обидеме да помогнеме колку е можно повеќе на оние на кои тоа им е потребно.
Сите собраните средства од продажбата на производите на базарот ќе бидат наменети во хуманитарни цели за децата со оштетен вид од училиштето “Димитар Влахов“ од Скопје.
Ќе учествуваат повеќе од 20 изложувачи на новогодишни изработки, а ќе се оддржи и новогодишна работилница за деца во рамки на базарот во сабота на 17 декември од 13:30 часот.
Започнуваме во сабота 17.12 од 13:00 часот се до 21:00, додека пак во недела 18.12 ќе се дружиме од 10:00 до 15:00 часот.

