И оваа година Капитол мол се подготвува да ги израдува сите по повод новогодишните празници. Во топол амбиент кој штити од временските услови во секој дел од годината нашиот трговски центар секојдневно ги привлекува сите кои сакаат добри модни парчиња, книга, забава, фитнес, шопинг, куглање, кафе и храна. Имајќи го во предвид големиот број на посетители кои секојдневно уживаат во условите и можностите кои ги нудиме, ние подготвивме новогодишна програма за да го споделиме празничниот дух.
На 24ти декември се одржa претставата „Брашко”, претстава со едукативен и забавен карактер каде најмалите на многу интересен начин научија како се подготвува лебот. На 25ти декември пак, се изведе детската претстава „Новогодишни радости и песни“. Истата претставуваше исклучително задоволство за сите дечиња. За последниот ден од годината, 31ви декември, ќе се „Одбројува со песна“. Најмалите повторно ќе пеат и ќе се радуваат во пријатна и топла атмосфера.
На 30ти и 31ви декември организиравме неколку игри и бројни изненадувања за најмалите но и големите посетители на молот. Ќе има натпревар за украсување на елка, а последните два дена од годината посетителите ќе играат „Среќно Тркало“ кое ќе им донесе многубројни подароци и награди. Овие два дена тие ќе можат да цртаат лампиони и да другаруваат со Дедо Мраз на првиот кат во центарот.
Капитол мол веруваме дека со обезбедување на удобни услови и креирање на топла празнична атмосфера каде сите посетители ќе можат да уживаат во семејниот шопинг, совршено ќе се надополни новогодишниот дух на градот Скопје и населбата Аеродром. Затоа со задоволство организираме активности за целото семејство и ве повикуваме да уживаме во празниците заедно.

