Завршува уште една година со дружење, забавување и создавање моменти за паметење со сите наши посетители и гости. За да ја дочекаме уште поубавата и поуспешна 2017 година, оваа ќе ја завршиме со многу изненадувања и активности кои ги спремивме за вас.
За последниот петок од оваа 2016, организиравме супер настани за оние кои најмногу се радуваат на овој период од годината, а тоа се најмалите.
Изненадување за сите посетители и купувачи на 30ти и 31ви декември е “Среќното Тркало“. Од 18 и 12 часот сите посетителите кои ќе приложат сметка од истиот ден од молот од било која продавница со износ од над 1500 денари, ќе имаат право на учество во играта каде ќе имаат шанса да освојат супер вредни подароци.
Освен ова право на учество, исто така ќе имаме предизвик “Скриен Дедо Мраз“. Пронајдете го нашиот Дедо Мраз кој ќе се крие низ трговскиот центар и направете фотка со него, споделете ја на Инстаграм или Фејсбук со хаштаг #ЗамислијатвојатажелбавоКапитол и приложете доказ за акцијата кај нашите хостеси кај “Среќното тркало“. Сите што ќе ја исполнат акцијава ќе имаат право на учество во лотаријата.
Сите дечиња кои ќе бидат наши гости на 30.12. ќе бидат дел од детската работилница за изработување новогодишни честитки за своите родители. Работилницата ќе биде лоцирана на платформата на 1ви кат и ќе започне во 18:00 часот.
Од 18:00 – 21:00 следува највозбудливото дружење со Дедо Мраз. Тој ќе ги забавува малечките, ќе ги слушне нивните новогодишни желби и секако ќе се фотографира заедно со посетителите.
Повелете, посетете не и дозволете да ви ја пренесеме празничната магија на вас и целото ваше семејство.

