Како последен ден од оваа година ви спремивме еден тон изненадувања за да ја испратиме 2016 насмеани, весели и радосни.
Сите дечиња што ќе бидат наши гости на 31ви декември, во времето од 12:00 – 14:00 часот, ќе имаат шанса да учествуваат во детската работилница за украсување новогодишни лампиони. Дечињата од Dance Club Aqua ќе ни приредат неверојатно танцувачко шоу, а сите родители и мали ќе имаат можност да уживаат во Детската претстава “Одбројуваме со песна“ со почеток од 13:00 часот.
Од 14:00 часот новогодишното лудило започнува со DJ сет кој ќе се случува како и сите други активности на платформата на први кат.
“Среќното тркало“ ќе им го разубави денот на сите оние што ќе бидат дел од оваа новогодишна магија што Капитол мол ја шири на сите свои посетители.
Од 12 и 18 часот сите посетителите кои ќе приложат сметка од истиот ден од молот од било која продавница со износ од над 1500 денари, ќе имаат право на учество во играта каде ќе имаат шанса да освојат супер вредни подароци.
Освен ова право на учество, исто така ќе имаме предизвик “Скриен Дедо Мраз“. Пронајдете го нашиот Дедо Мраз кој ќе се крие низ трговскиот центар и направете фотка со него, споделете ја на Инстаграм или Фејсбук со хаштаг #ЗамислијатвојатажелбавоКапитол и приложете доказ за акцијата кај нашите хостеси кај “Среќното тркало“. Сите што ќе ја исполнат акцијава ќе имаат право на учество во лотаријата.
И секако празниците нема да се она вистинското доколку нема дружење со Дедо Мраз. Од 12:00 – 15:00 часот, ќе се фотогафираме, забавуваме и танцуваме со ликот кој ја носи целата еуфорија и магија во овој празничен период.
Дојдете, ве очекуваме за заедно да уживаме во овој последен ден од годината.

