Веруваме дека зимата е омилено годишно време на повеќето од нас но заедно со еуфоријата за празниците, снег и зимска идила доаѓа и студенилото, вирусите и настинките. А за да се заштитиме од последиците на сите овие ситуации кои ги набројавме, потребно е да внимаваме што консумираме како исхрана и какви производи користиме за нега на лице и тело.
Ви препорачуваме Топ 5 производи кои можете да ги најдете во продавницата на BioKult, а кои ќе ви помогнат во борбата против вирусите, сувата кожа, настинките и сите други несакани ситуации кои се секојдневие во овој дел од годината:
1. Оцет од боровница – Со традиционална технологија е направен оцетот од боровница кој е од органско потекло и со префинет вкус.Со додавање на концентрат од боровница и јаболко добиено е балзамико. Ги содржи сите хранливи состојки, а одлично оди како додаток во салата. Користете го секојдневно и ќе ги видите благодетите на овој производ во градење на појак имунитет и повеќе енергија.

2. Сапун од козјо млеко – Сапунот од Козјо Млеко ги намалува знаците на стареење на кожата, го намалува воспалението на кожата, а со тоа служи и како крем за сува и оштетена кожа. Сапунот не содржи хемиски супстанци за поголем обем на пена, боја, мирис, или цврстина. Може да се користи за миење на косата, лицето, телото, и е одличен како превентива од испукана и измрзната кожа.

3. Шеа путер – Шеа путерот има одличен навлажнувачки ефект кој може да се користи за лице, тело па дури и коса.
Содржи витамин А и Е, го спречува стареењето на кожата, ја регенерира и ја прави еластична. Може да го користите преку ден и ноќ. Наутро кога ќе се разбудите резултатот е еластична, одморена, добро нахранета кожа и тоа само со еден производ. Во текот на зимата е мелем за вашите усни и сувата кожа. Ова е чист шеа путер без никакви додатоци.

4. Оригано чај – Чај кој ќе ви биде од голема полза ! Оригано чајот се користи за ублажување на тегобите во дишните патишта (кашлање и бронхитис), инфекции на уринарниот тракт, и кај пореметување на органите за варење. Probotanic Оригано чајот во комбинација со Оригано маслото успешно ја елиминира Escherichia coli од организмот.

5. Органско чоколадо – А што би биле празниците без слатко задоволство 🙂 Пробајте го органското чоколадо, уживајте во вкусот а во исто време и внимавајте на линијата.

