Кога имате мал милион секојдневни обврски, стрес, нечистотија, промена на температури, кожата на Вашето лице се уморува, станува нееластична и безживотна. Затоа секојдневната правилна нега на истото е повеќе од задолжителна.
Доколку сакате да имате беспрекорно чисто, нежно и освежено лице, ви ги препорачуваме производите за грижа и нега на кожата на лицето од брендот Balea достапни во dm.
Прекрасни производи со одлична кремаста текстура, кои ќе придонесат за неверојатно чувство на мека кожа по миењето.
Со супер пријатни комбинации на состојки, витамински коктел од витамин Ц и провитамин Б5, алантоин и витамин Е, производите за лице ќе станат незаменлив партнер во негата на Вашето лице!

