Премиера на мегахитот Дома
ОСВОЈ ВЛЕЗНИЦИ ЗА ТЕБЕ И ЦЕЛОТО ОДДЕЛЕНИЕ
Откачени, виолетови, малку невозможни – тоа се вонземјаните од расата Був кои на 26 март доаѓаат на Земјата да најдат нов дом и да ве поведат во неверојатна авантура! MCF MKD и Просветно дело ве повикуваат да им посакате добредојде! Испратете ни ја најубавата фотографија од вашето одделение во знакот на виолетовата боја (или со некој виолетов детал) на и-мејл адресата: prodelo@t-home.mk најдоцна до 23 март и освојте специјална проекција на филмот “Дома“ за целото одделение! Фотографијата треба да се реализира под надзор на одговорен наставник, а со согласност на родителите. Фотографијата да се прати со контакт телефон на одговорниот наставник.