Современиот и модерен маж кој е сигурен во себе, потполно е свесен за важноста на надворешниот изглед и знае дека изгледот не се заснова само на облеката и начинот на кој ја носи. Модерниот маж подразбира целокупен ефект на нега “од глава до пети„.
Кожата на мажите исто така е осетлива како и на жените, правилното негувана кожа уште од адолесцетниот период ќе изгледа многу поубаво и ќе го одложи стареењето.
Ви ги претставуваме производите на Balea достапни во продавницата на dm во нашиот трговски центар, кои ќе ви го олеснат секојдневието.
1. Balea MEN Ultra Sensitive
Кажете им збогум на иритациите ла лицето и чувствителната кожа со колекцијата Balea MEN Ultra Sensitive специјално дизајнирана за проблематичната кожа.

2. Производи за нега на лице
Освен редовното миеење, чистење и хранење на кожата со крема и лосиони, препорачливо е повремено да користите и маска за лице. Знаеме дека изгледа тотално женствено, но велат дека помага во чистењето на лицето, па вреди да пробате!

3. Производи за и после бричење
Она што е заедничко за сите мажи од целиот свет, го сакале тоа или не, тоа е дефинитивно бричењето!
При изборот на козметички средства за бричење, одлучете се за она кое не ја суши кожата, но доволно ја влажни, за жилетот што полесно да лизга на кожата.

4. Козметика за лична хигиена
По завршување на тренинзите користете практични производи за нов освежувачки изглед. Одберете го омилениот гел за туширање, тоa ќе обнови… обавезно дезодоранс кој ќе Ве освежи… парфем кој ќе ги разбуди Вашите сетила…

5.Производи за нега на стапала
Мажите имаат повеќе проблем со потење на стапалата, посебно оние кои носат спортски обувки. Бактериите кои се појавуваат и непријатниот мирис се многу поголем проблем од самиот процес на потење. За да го спречите тоа треба да водите поголема грижа за стапалата.

