КАПИТОЛ МОЛ И ЛОЗОТ СМАЈЛИ ВО АКЦИЈА ЗА НАСМЕВКИ

Среда, 1рви април, на денот на шегата, во КАПИТОЛ МОЛ на среќното место на Државна лотарија на Македонија ќе го прославиме 3тиот роденден на инстант лозот СМАЈЛИ.

Од 11 часот во рамки на маскенбалот во организација на КАПИТОЛ МОЛ, на среќното место на Државна лотарија на Македонија, играчите на игрите на среќа ќе имаат можност да се дружат со Марјана Станојковска и да добиваат подароци со знакот на СМАЈЛИ.

Овој викенд Елизабета Факлова од Тетово, од Капитол мол замина со својот нов скутер од марката Gilera. Со гребење на заштитното поле на лозот СМАЈЛИ во форма на емотиконот Смајли, на Елизабета и се насмевна среќата и го освои посакуваниот тренди скутер.

11110583_615654678536336_8997492822118272370_n 11081020_615654691869668_9042696270647418063_n

Инстант лозот СМАЈЛИ е игра на среќа на Државна лотарија на Македонија, која донесе среќа на уште еден млад член на големото семејството љубители на инстант лотаријата. Уплатно-исплатно место за игрите на среќа во најурбаниот трговски центар во Скопје Капотол Мол, во населбата Јане Сандански беше дел од радосни и среќни мигови на семејството Фалкови. Ова е втора добивка за Елизабета од инстант лотаријата. Имено таа пред една година имала добивка од 50.000 денари од инстант лозот 7-ма брзина. Таткото на Елизабета е редовен играч на играта НовоЛото 7/34, но таа е вљубеник во инстант лотаријата. Нејзината омилена игра е инстант лозот 7-ма Брзина, кој редовно го игра со очекување за добивка Голф 7. За прв пат решила да изгребе друг вид инстант лоз, го избрала токму лозот СМАЈЛИ и тој еден лоз и донесе скутер, но секако ќе продолжи да игра за Голф 7.

И вие може да станете дел од 35-те сопственици на скутер, за само 30 денари може да го имате вашиот скутер од соништата. Во игра се уште 9 скутери од гамата на Aprilia SR 50, Gilera Runner 50 или Vespa lx2t.

Кој игра тој добива! Во среќата треба да се верува, од сега таа е поблиску до вас, во самиот влез на трговскиот центар КАПИТОЛ МОЛ.

Капитол Мол и лозот СМАЈЛИ ја продолжуваат својата акција за насмевки.
Во среда, на 1 април е роденден на инстант лозот СМАЈЛИ. Ве очекуваме со забава, подароци и дружење со Марјана Станојковска, а се надеваме дека ќе имаме и нов добитник на скутер.