По тој повод, денеска, 15.4.2015 година, пред трговскиот центар „Капитол мол“ со практична едукација на децата од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ се реализираше едукативна кампања за правилно поминување улица, како и препознавање на ризиците во сообраќајот и зголемување на вниманието на сите учесници во сообраќајот.
„Преку денешните вежби децата се учеа правилно да преминуваат преку улица и да ги препознаваат ризиците во сообраќајот како што се користење мобилен телефон или слушалки, или пак, претрчување преку улица вон обележан пешачки премин“, изјави градоначалникот Ивица Коневски, кој заедно со министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, присуствуваше на настанот во знак на поддршка на кампањата.
Министерката Јанкуловска изјави дека статистиките покажуваат дека голем број пешаци се жртви на сообраќајни незгоди што го оправдува организирањето на кампањата.
Целта на оваа активност е преку вежбовните активности кои ги презентираа полициските службеници, на децата директно да им се посочат практични примери за правилно и неправилно однесување на пешаците во сообраќајот, преку кои ќе ги согледаат грешките кои секојдневно ги прават пешаците, а кои се потенцијален ризик за загрозување на нивната безбедност во сообраќајот.