Од Биокулт решија да ве запознаат со Шеа путерот и зошто е тој толку важен доколку сакаме здраво тело од глава до пети.
Шеа дрвото е познато пред се поради неговиот плод. Кафеавите плодови имаат богата содржина од повеќе 50% и му го даде на човештвото најстариот производ за грижа на кожата а тоа е шеа путерот. Во Африка се подготвува на ист начин со векови. После собирањето на плодовите, тие прво се сушат на сонце. Се печат и потоа се гмечат во сад т.н аван. Добиената смеса се меша со малку вода до форма на тесто и се остава да остстои со часови. Со додавање на вода, тестото се подгрева, при кое шеа путерот останува на самата водена површина. Обезмастено, филтирано и на крај во шишиња. Тајната на производство на шеа путерот е во рацете на самата жена. Како главен извор на средства за многу жени, во Африка, тој е исто поистоветуван како “Злато на жената”. Иако од него можат да се направат свеќи, сепак неговата примена е во козметиката.
Со тоа шеа путерот има традиција од повеќе 3000 години. Дури е запишано дека и Нефертити во древниот Египет го користела шеа путерот за одржување на нејзината кралска кожа.
Не ви е потребно многу да нанесете за да добиете чувство дека имате мазна и затегната кожа, во тој поглед шеа путерот е доста економичен. Количина колку лешник ви е доволно да нанесета на вашата кожа. Топлината од вашата дланка му овозможува на шеа путерот да се топи и да се втрие во самата кожа или коса.
Со органскиот шеа путер на Cattier имате можност да ги почуствувате и ги видите неговите придобивки. Органскиот шеа путер ја обезбедува кожата со хранливи вредности, во регенрирање на клетките како и во омекнување на истата после бричење. Кожата како и усните ви се меки а косата ви е сјајна и витална. Шеа путерот на Cattier е достапен во 20мл –ска амбалажа но исто и во 100мл-ска кутија. Шеа путерот на Cattier со мед на вашата кожа и дава сјајност со мирис на мед. И ја враќа влажноста на вашата кожа после вашата купка, а со тоа го прави корисен од глава до пети.
Се надеваме дека сите овие информации ве предизвикаа веднаш да посакате да го имате во Вашиот дом. За сите нестрпливи достапен е во продавницата на Биокулт во нашиот трговски центар.
