Здосадено ви е од истата шема за саботна вечер? Не ви се дотерува нешто посебно и сакате да поминете забавно време со друштвото? Ние го имаме најдобриот предлог за сите вас кои секогаш се во двоумица кога ќе се постави прашањето “Што да се прави оваа сабота?“.
Соберете го друштвото, јавете му се на партнерот/партнерката, најдобрата другарка, колегата или пак целото семејство и правец на куглање во 4Bowling во нашиот трговски центар. Дадете ново значење на терминот “саботна треска“ и поминете неколкучасовно смеење, натпревар и многу многу забава.
Сигурни сме дека откако еднаш ќе ја применете тактикава, следен чекор ќе ви биде планирање свој сопствен турнир во куглање ?






