Визија на „ Летниот едукативен центар Посејдон “
Најкреативниот летен дневен престој во синиот свет на Посејдон е дизајниран да го обезбеди најдоброто од едукација и забава за децата за време на летниот распуст, да претставува безбедна и креативна средина во која децата ќе доаѓаат со задоволство и ќе бидат целосно згрижени со два оброка и ужина. Високо квалификуван кадар на педагози и психолози ќе реализираат програма која ќе биде современа, ефикасна, квалитетна и прилагодена на потребите и интересите на децата.
Мисија на „ Летниот едукативен центар Посејдон “
Со почитување и развивање на индивидуалните способности и со примена на современи методи заеднички да креираме квалитетно поминато време за летниот распуст и да создаваме личности кои цел живот ќе учат и ќе напредуваат според своите афинитети и можности.
Работно време на „ Летниот едукативен центар Посејдон “
Организирано згрижување и престој на деца на предучилишна и училишна возраст од 08:00 – 17:00 часот, понеделник – петок, со обезбедени два оброка и ужина.
Обезбедена храна во „ Летниот едукативен центар Посејдон“
За време на престојот во летниот едукативен центар децата ќе бидат обезбедени со два оброка и ужина, посебен кетеринг од Кампионе ресторан приготвен исклучиво за децата и консултиран со нутриционисти, кој ќе обезбеди балансирана исхрана со многу овошје и зеленчук. Целта е да се подигне свеста за значењето на здравата и правилната исхрана кај децата, како и да се создадат навики за редовно конзумирање на здрава храна.
Програма за работа во во „ Летниот едукативен центар Посејдон“
Со програмата за работа се утврдуваат основната дејност и функцијата на дневниот центар за работа со деца од предучилишна и училишна возраст.
Главна определба на оваа програма е професионалниот пристап кон организирано згрижување и престој на децата кој ќе вклучува воспитно-образовни, спортско-рекреативни, културно-забавни и др. активности.
Сето тоа ќе овозможи поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето, негување на индивидуалните интереси и способности, развој на самостојноста, правилно користење на слободното време итн.
Услови за посетување на „ Летниот едукативен центар Посејдон “
Летниот едукативен центар може да го посетуваат сите деца на предучилишна и училишна возраст.
Едукативниот центар може да се посетува на месечна база или преку дневна уплата според потребите за згрижување.
Информации и пријавување на 071 342 554.
Мени за летен едукативен центар Посејдон 1ва Недела
- Палента со сирење – јогурт
- Намаз од павлака и брокула, интегрален леб, чај (мед и лимон)
- Сирење , јајце варено, интегрален леб, млеко
- Туна со рендани краставички, интегрален леб, чај (мед и лимон)
- Јуфки со сирење (тагатели)
РУЧЕК 12:30 часот
- Пилешка чорба со зеленчук, интегрален леб, салата краставица
- Чорбест грав со зеленчук, салата морков
- Варена зелка со мелено јунешко месо, инт.леб, салата домати
- Макарони гратинирани, салата
- Вариво од зеленчук, пилешко месо, ориз, инт.леб, салата
УЖИНКА 15:30 часот
- Банана
- Печиво
- Перек
- Овошје со бисквити
- Сутлијач
- Бисквит со чај (мед и лимон)
- Овошје
- Цедевита
- Пудинг
- Банана
- Сутлијач
- Овошен јогурт
- Овошје
- Кроасан
- Бисквит со млекo
Мени за летен едукативен центар Посејдон 2ра Недела
ПОЈАДОК 09:00 – 09:30 часот
- Макарони со сирење – јогурт
- Намаз од павлака, инт.леб, јајце варено, чај (мед и лимон)
- Сендвич со кашкавал, интегрален леб – млеко
- Намаз од зденка, инт.леб, пилешка шунка, чај (мед и лимон)
- Пржени инт.лепчиња со јајце и јогурт
РУЧЕК 12:30 часот
- Спанаќ со мелено јунешко месо, кисело млеко, интегрален леб
- Пилешки стек со ориз и зеленчук – морков
- Боранија со мелено јунешко месо – краставица
- Зелка со мелено јунешко месо и зеленчук
- Макарони со мелено јунешко месо, интегрален леб, зелка салата
УЖИНКА 15:30 часот
- Банана
- Печиво
- Перек
- Овошје со бисквити
- Сутлијач
- Бисквит со чај (мед и лимон)
- Овошје
- Цедевита
- Пудинг
- Банана
- Сутлијач
- Овошен јогурт
- Овошје
- Кроасан
-
Бисквит со млеко
