За сите наставници и ученици
Најзабавните завршни училишни забави во градот
Заедно да го прославиме крајот на учебната година
Понуда за организација на завршни забави за крајот на учебната година
Забавно-едукативниот центар Капитол Плеј лоциран во трговскиот центар Capitol Mall 3 кат претставува една од најголемите и најцелосните места за забава, рекреација и едукација во Македонија.
Тоа е место на кое децата имаат прилика да ја поттикнат креацијата, да ја поткренат едукацијата и да уживаат во забавата. Забавниот центар го сочинуваат двете игротеки Кидс Парк и Посејдон, како и кугланата 4Bowling.
Составен дел на забавниот центар е едукативниот центар кој располага со висококвалификуван кадар на педагози и психолози, едукативни играчки и материјали за интелектуален, емоционален, социјален и физички развој на децата.
Во склоп на своите активности забавниот центар нуди и организирање на групни посети за деца од 4-12 годишна возраст.
Како заокружување на успешно завршената учебна година, сметаме дека една ваква факултативна посета би значела многу за рекреација, забава и проактивна анимација на децата.
ПОНУДА ПАКЕТ ЗА ЗАВРШНА ЗАБАВА ВО ИГРОТЕКИТЕ:
- Изнајмување на простор за организација на детска креативна забава во времетраење од 90 минути за максимум 50 деца во еден термин Кидс Парк и 40 деца во Посејдон;
- Креативно-едукативна летна работилница со целосно обезбедени материјали за работа, при што креативните изработки дечињата ги задржуваат за себе;
- Караоке забава;
- Боење на лице;
- ЦД со фотографии;
- Благодарница за учество за секое одделение
- Два вида на грицки, сокче за секое дете;
ПОНУДА ПАКЕТ ЗА ЗАВРШНА ЗАБАВА ВО КУГЛАНАТА 4 Bowling ( над 10 години):
Дружењето со 10 кегли претставува друштвена игра наменета за сите возрасти. Благодарение на позитивното чувство кое го предизвикува, натпреварувачкиот дух и забавата претставува одлична содржина за рекреација и организација на завршна забава по повод крајот на учебната година.
- Партија куглање ( 20 топки) за секое дете, осум деца максимум куглаат на една лента, 4 ленти за куглање на располагање ( макс. 32 деца во еден термин) .
- Креативно-едукативна летна работилница со целосно обезбедени материјали за работа, при што креативните изработки децата ги задржуваат за себе;
- Боење на лице;
- ЦД со фотографии;
- Благодарница за учество за секое одделение
- Два вида на грицки, сокче за секое дете;
Почитувани, во интерес на навремена и квалитетна подготовка на активностите за Вашиот настан како и навремена резервација на посакуваните термини Ве молиме контактирајте нѐ во поскоро време.
За сите дополнителни прашања и информации Ви стоиме на располагање.
