Наскоро на полиците во книжарницата на Просветно дело во нашиот трговски центар, ќе се најдат новите едукативни приказни за деца.
Малиот доктор за цвеќиња

Дома, цвеќињата се чини дека се тажни. Но што се случило со нив? Докторката Маја истражува и открива како да им помогне. Прекрасна приказна која на идните мали градинари ќе им помогне да се грижат за цвеќињата и растенијата.
Малиот доктор за играчки

Маја и Марко одат да ја посетат нивната помала братучетка Ема. Таа не се грижи доволно за своите играчки. За среќа доктор Марко е тука да помогне. Преубава приказна со која дечињата ќе научат како да се грижат за своите играчки.
Малиот доктор за миленици

Верверицата Оревка не се врати дома. Маја и Марко одлучуваат да ја побараат. Набрзо ја наоѓаат нивната пријателка Оревка на место каде што не очекуваат…Прекрасна и забавна приказна која ќе им помогне на дечињата да научат како да се грижат за нивните мили крзнени пријатели.
